vino Kamnik cuve de prestiz 0,75l

1,249 ден

Суво црвено вино добиено со винификација на внимателно одбрани гроздови, од сопствените насади на винаријата Камник, од сортите: Merlot (43%), Вранец (38%) и Cabernet Franc (19%). Виното се одликува со интензивна рубин црвена боја, допадлива арома на црно ситнозрнесто овошје надополнето со зачински поттонови и долг послевкус на капучино и црно чоколадо. Комплексноста на ова кувe се должи на повеќемесечното одлежување во нови и делумно користени дабови буриња со капацитет од 225 литри. Вкусот е полн, со висока содржина на екстракт, хармонична киселост и меки сомотести танини кои му овозможуваат на ова вино потенцијал за повеќегодишно созревање во шише.