Посебноста на ова вино Syrah, добиено од сопствените насади, произлегува од двојната редукција на приносот, која резултира во парцијално дехидрирање на гроздовите на самата лоза, но и од присуството на 6% Вранец. Ваквите постапки овозможуваат добивање на фенолошки зрело вино со интензивна рубин црвена боја, висок екстракт и потенцијал за созревање. Букетo изобилува со ароми на капина, црна рибизла и слива. Комплексноста на ова вино се должи на 20-месечното одлежување во нови буриња од американски и француски даб кои придонесуваат за добивање на дискретни зачински тонови, надополнети со мирис на мока кафе, црна чоколада, ванила и сладок корен. Вкусот е елегантен и полн, со одлична структура, меки, кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми со долготраен послевкус.