Bovin Cabernet Sauvignon Superior 0,75L

885 ден

Ова вино се одликува со пурпурно-црвена боја, типична за Каберне одгледувано на почва богата со јаглерод. Селектирана берба од полусушени зрна грозје, растено на јужно-западната страна на Лепово Брдо. Полно со вкусови, сочно, со ароми на мед, бобинки, елегантни ноти на зачини. Вкусот е мек, заокружен, урамнотежен и долготраен. Богатството на полифеноли, посебно меки танини, допушта подолго време да се складира на температура на визбата.

Препорачуваме да се конзумира посебно со јадења од телешко, печено свинско, пушена шунка или јаки сирења, на температура од 15-17 °C.