Vino Kamnik Monte 0,75l

745 ден

Суво црвено вино добиено со винификација на внимателно одбрани гроздови од сортите Montepulciano (71%) и Vranec (29%) од сопствените насади на винаријата Камник, одгледувани со особено внимание и редукција на родот.

Ова вино се карактеризира со длабока рубин црвена боја и интензивен мирис кој открива ароми на зрела капина и црна слива. Вкусот е полн и маркантен, со испреплетени тонови на капучино и какао, и долготраен послевкус. Mеките сомотести танини и хармоничната свежина му овозможуваат на виното капацитет за неколкугодишно созревање. Комбинирајте го ова вино со специјалитети од црвено месо, пате од гуска со слатко од кромид, или со одбрани сирења.