DW Kagor Macedonian 0.5L

715 ден

Десертно фортифицирано вино добиено од сортата Вранец надополнето со хербален екстракт од локални македонски треви. Се одликува со темно кафена боја со црвеникави нијанси. Ароми на темно сушено овошје и хербални тонови од кои  доминираат нане и листови на црна боровинка. Раскошно на вкус со ароми на течно чоколадо, сладок корен, бонбони со путер и карамела и долг послевкус на зрна кафе. Бујно и богато вино, нежно слатко и добро избалансирано со пријатни киселини.

Се комбинира со чоколадни минт бомбони, чоколадни тартуфи и десерти со какао.
Препорачана температура на служење:  12-14 °С